205
Во Хрватска е забележа вториот случај на коронавирус, а заразен е братот на дечкото кому вчера му е дијагностициран вирусот откако се вратил од Италија, јавува Јутарњи лист.
Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош по состанокот во Рим изјави дека е одлучено да не се затвораат границите со Италија, затоа што тоа не би било ефикасно.
Тој ги откри и најновите информации за засега единствениот хрватски пациент со коронавирус.
„Во моментов тој е во стабилна состојба, но слушам дека неговата девојка исто така има знаци. Затоа ќе влезе во процедура, ќе биде прегледана, веројатно тестирана и ќе видиме што понатаму со неа“, изјави Берош за хрватските медиуми.
Но потоа потврдено е дека девојката е негативна на коронавирусот.