Вториот блок на РЕК Битола повторно вклучен во електроенергетскиот систем

од Берта Китинска

Од АД ЕСМ информираат дека  Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија.

-Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет, соопштија АД ЕСМ.

Слични содржини