Точно напладне во Нион беше одржана ждрепката за второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите
Среќа имаше Динамо од Загреб. Во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, „Сините“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу шампионите на С. Македонија и Гибралтар – Шкупи или Линколн.
Хрватите имаа доста среќа, ако се знае дека ривали можеа да му бидат Цирих или Слован од Братислава.
Во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите ќе играат:
Тобол / Ференцварош – Слован Братислава / Динамо Батуми
Динамо Загреб – Шкупи / Линколн
Лех / Карабах – Цирих
Хелсинки / РФС – Викторија Плзен
ТНС / Линфелд – Бодо / КИ Клаксвик
Балкани / Жалгирис – Малме / победник од прелиминарната рунда
Лудогорец / Сутјеска – Шамрок / Хибернијанс
Марибор / Шахтјор Солигорск – Зрињски / Шериф
Макаби Хаифа – Олимпијакос
Пјуник / Клуж – Дуделанж / Тирана
Митјиланд – АЕК Ларнака
Динамо Киев – Фенербахче
Натпреварите од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите се на програмата на 19 и 20 јули, а реваншите се седум дена подоцна на 26 и 27 јули.