Пратеникот на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вицепремиерот и министер за одбрана Милош Вучевиќ престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија, каде што ќе присуствува на чествувањето на Св. Сава – национален празник на Србите во земјава.
На почетокот на посетата, министерот Вучевиќ и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски го посетија ОУ „Карпош“ во село Умин Дол во општина Куманово, што беше можност да се сретнат и разговараат со учениците од тоа училиште кои посетуваат настава на тема „Јазикот и културата на Србите“.
По тој повод, министерот Вучевиќ укажа на важноста од поддршката на српската заедница во Република Северна Македонија во зачувувањето на нејзиниот духовен, национален и културен идентитет.
На обиколката присуствуваше и амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јовановиќ.
Во продолжение на посетата, министерот за одбрана денеска ќе го посети Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово, а потоа ќе присуствува, со делегација на Министерството за одбрана на Република Србија, на Свечената академија Свети Сава по повод празникот во Занаетчискиот дом во тој град.
Во рамки на посетата на Република Северна Македонија, министерот Вучевиќ утре ќе се сретне со министерката за одбрана Славјанка Петровска, а потоа и со премиерот Димитар Ковачевски.