Вучиќ: Кога државата е загрозена, најважно е да бидеме обединети

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово во Крагуевац изјави дека кога државата и нејзините темели се загрозени, во услови на тешка ситуација во светот, најважната работа е да бидеме заедно, обединети во нашата желба да ја зачуваме државата.

„И тоа нема врска со политичките партии, има врска со тоа што ќе биде српскиот народ, но и сите други граѓани на Србија, за да сфатат дека ние имаме нешто што е свето, а тоа е нашата земја Србија. И ние немаме ништо посвето“, истакна Вучиќ.

„Без игри, без авантуризам, потребен ни е сериозен и одговорен пристап, што значи зачувување на мирот и стабилноста, бидејќи ни се потребни децата во иднина“, нагласи Вучиќ, обраќајќи им се на граѓаните кои го пречекаа пред Старото собрание во Крагуевац.

Слични содржини