Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјавил дека неговата земја презема два вида мерки поврзани со илегалната миграција – едната е укинување на бесплатните визи за земјите од кои доаѓаат значителен број мигранти, а другата е зајакнување на границите со Северна Македонија и Бугарија, за што ќе имаат помош од полициите на Унгарија и Австрија.
Вучиќ, говорејќи пред новинарите на границата со Унгарија, рече дека тие земји се Тунис, Бурунди, Гвинеја-Бисао и Индија и дека укинувањето на бесплатни визи е она што го бара и ЕУ.
Тој наведе дека зајакнувањето на границата е неопходно бидејќи од почетокот на годинава приливот на мигранти од Северна Македонија е зголемен за четири пати, а од Бугарија за 3,6 пати, како и дека се спречени 46.195 нелегални влезови, а повеќе од 600 мигранти се уапсени.
-Благодарен сум на нашите унгарски пријатели што почнавме да разговараме за сите проблеми неделно и заедно да ги решаваме, истакнал Вучиќ.