Вучиќ: „30 евра помош за пензионерите во мај, 50 во септември и уште 30 во ноември“

од Берта Китинска

Покрај пакетот со витамини кој ќе им се дели од понеделник на пензионерите, српскиот претседател им вети ново покачување.

Александар Вучиќ, пакетите со витамини ќе им бидат дадени на сите пензионери, но и на медицинските работници, бремените жени и мајките.

Тој повтори дека пензионерите ќе ги добијат првите 30 евра во мај, 50 евра во септември и уште 30 евра во ноември.

„Во мај има 30 евра за невработените, 60 евра во јуни, уште 30 евра во ноември, додека вработените и возрасните граѓани ќе добијат пари во мај и септември, вкупно 60 евра“, додал претседателот.

Говорејќи за бројот на вработени во Србија, Вучиќ изјавил дека во моментот е на рекордно ниво – 2.184.000.

Тој додал дека просечните плати од 900 евра мора брзо да се достигнат до 2025 година, за да можат, како што рече, да ги врататзанаетчиите.

„Имаме најголем недостиг од овие луѓе“, рекол Вучиќ.

Слични содржини