Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на ТВ Пинк, меѓу другите теми и познатите маратонски монолози сакувани како интервјуа искоментира и за комуникација меѓу него и македонскиот премеир Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.
Вучиќ рече ДЕКА Е ТОЧНО дека Заев му се извинил откако беше објавено аудиото од медиумите кои го пренеле разговорот во кој Заев со наводниот Порошенко коментирита дека Вучиќ е руски човек.
-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажеам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, поентира Вучиќ.
Инаку српските медиуми и руските инсталации во дел од нив и натаму ја држат високо темата како тоа македонскиот премиер бил излажан од обични шегаџии, но не наведуваат дека и нивниот денешен гостин, францускиот претседател Емануле Макрон , исто бил превеслан и излажан од истите комедијанти управувани од тајните служби на Москва.