Вучиќ: Фабриката за производство на кинеските вакцини ќе биде во согласност со највисоките стандарди

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина, Чен Бо, со кого разговараше за продолжување на процесот на вакцинација и за новата фабрика што ќе произведува вакцина на кинеската компанија „Синофарм“ во нашата земја.

Претседателот Вучиќ ја повтори својата благодарност до пријателската Кина и претседателот Си Jинпинг за нивната огромна солидарност и помош за време на пандемијата КОВИД-19, благодарение на што граѓаните на Србија беа меѓу првите во светот што добија квалитетна заштита од оваа опасна болест. Тој исто така уште еднаш ја потврди исклучителната доверба на граѓаните на нашата земја во кинеската вакцина, а со тоа и во кинеската држава и нејзините експерти.

Во тој контекст, соговорниците посветиа особено внимание на проектот за изградба на нова фабрика што ќе произведува вакцини на кинеската компанија „Синофарм“ во Србија, со што ќе се обезбеди долгорочно и стратешко снабдување со вакцини и заштита на здравјето на населението од Србија и регионот.

Претседателот Вучиќ и амбасадорот Чен се согласија дека оваа фабрика ќе биде изградена во согласност со највисоките светски стандарди во областа на технологијата за производство на вакцини, со што Србија ќе се најде меѓу оние земји што можат да бидат конкурентни во оваа област на исклучително тежок светски пазар .

Претседателот Вучиќ и амбасадорот на Народна Република Кина разговараа и за напредокот на работите на инфраструктурни проекти во Србија, на кои работат кинески компании. Беше наведено дека проектите ја следат планираната динамика и дека до крајот на годината ќе бидат завршени два клучни инфраструктурни проекти – автопатот Преjина-Пожега и брзата пруга Белград-Нови Сад за брзина до 200 км на час.

Слични содржини