Вучиќ ги повика сите учесници во политичкиот живот на предизборна кампања без насилство

од Aleksandar Petrovski
128 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва ги повика сите учесници во политичкиот живот на предизборна кампања без насилство, со почит кон политичките противници, без оглед на политичката опција.

Тој ги замоли приврзаниците на СНС да не се собираат до крајот на мај, затоа што мора да ги заштитиме здравјето на луѓето.

„Мојата порака до нив е да чекаат до крајот на мај, се надевам дека ситуацијата ќе биде поповолна во јуни, така што ќе имаме можност да се собереме во јуни во поголем број и во поголем простор“, рече Вучиќ во обраќањето на јавноста во Генералниот секретаријат.
Тој повика на почитување на уставниот и правниот поредок во земјата и за предизборна кампања без насилство и ги замоли сите учесници во изборниот процес да покажат целосна почит кон политичките противници и оние кои размислуваат поинаку.

„Ни треба единство а на напредњаците не им треба преброење, знаеме кој е мнозинството и тоа се покажува на изборите а не во време кога сè уште не сме завршиле со епидемијата на коронавирус“, рече Вучиќ.

„Ние мора да ги чуваме нашите животи“, рече Вучиќ.

„За нас, кога не завршивме со епидемијата, недопуштено е да ги изложиме нашите граѓани на здравствена опасност“, рече тој, коментирајќи ги митинзите што беа организирани вечерва пред српскиот парламент.

Според него, а повикувајќи се на податоците на надлежните служби, „моментно се одржува собир пред српскиот парламент, на кој 5.790 приврзаници се претежно од СНС и околу 65 приврзаници на движењето Двери“.

Вучиќ ги замоли пратениците на СНС Александар Мартиновиќ и Сандра Божиќ да го прекинат штрајкот со глад затоа што, како што вели, тоа претставува одреден вид притисок врз обвинителството.