Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од Б92. Тој ја даде оваа изјава за време на неговиот состанок со италијанскиот амбасадор во земјата.

Вучиќ повторно ги критикува драстичните царински давачки на увозот на српски стоки, кои и  покрај меѓународниот притисок, Косово одбива да ги отстрани.

  Потсетуваме дека Белград и Приштина мора да потпишат договор во Вашингтон на 12 јуни, кој ќе стапи на сила шест месеци подоцна.

Меѓутоа, новите драстични царински давачки и создавањето на косовската армија повторно ги заострија односите меѓу двете земји.

На Косово не му  треба Србија да го признае . Косово нема да ги предаде своите територии наспроти признавањето од страна на Србија. Ова го изјави претходно косовскиот премиер Рамуш Харадинај.