Ако косовскиот јазол биде расплетен до пролет 2019 година, големи се шансите Хашим Тачи, Александар Вучиќ и Федерика Могерини да бидат номинирани за Нобеловата награда за мир.

Како што пишува весникот „Данас“, кој се поикува на меѓународни дипломатски кругови, прв чекор кон можна номинација на косовскиот претседател е неговата биографија под наслов „Нова држава и државник“, која ова лето ќе се промовира во западните престолнини.
Автори на биографијата на тачи се дипломатскиот уредник за британски „Тајмс“ Роџер Бојс и долгогодишната новинарка за тој весник Сузи Џегер, додека предговорот го напиша поранешниот кандидат за претседател на САД Боб Дол, кој се смета за еден од советниците на Трамп.
Според неофицијалните сознанија на „Данас“, таа книга до сега е претставена во Лондон, Берлин, Париз и Виена.