Српската државна телевизија соопшти дека претседателот Александар Вучиќ ги посетил српски војници , откако тензиите се зголемиле поради формирањето на новата армија на Косово, пренесува “Асошиејтед прес”. 

 Информациите велат  дека Вучиќ ручал со војниците на “непознато место“. Српските воени претставници претходно објавија дека тој  ќе ги посети српските војници во близина на косовската граница .

Српските власти истакнаа дека земјата може да  си дозволи употреба на армијата, откако парламентот  на Косово изгласа  мнозинство за формирање на армија на новата држава. Србија не го признава објавената во 2008 година независност на Косово и косовската армија  ја смета за закана за безбедноста на српското малцинство во Косово.