Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Вучиќ: Ми здосади да ми држат лекции за Русија и Кина, а повеќе од мене се среќаваат со Путин и Си

Вучиќ: Ми здосади да ми држат лекции за Русија и Кина, а повеќе од мене се среќаваат со Путин и Си

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за „Еуроњуз“зборува за протестите на опозицијата, претстојните парламентарни избори, односите Србија и Косово и апетитот за членство во ЕУ.

– Ми здосади тоа што сите ми држеа предавања и зборуваа за нашата соработка со Кина и Русија, а потоа ги гледам како се среќаваат со Си Џинпинг и Путин дури и почесто од мене. Гледајте си ја сцојата работа, вие сте суверени држави, Србија е суверена држава. Ние правиме се што е најдобро за нашиот народ и нашата земја, рече Вучиќ, цитиран од Блиц.

На прашањето на новинарите како протестите на опозицијата во Србија влијаат врз неговиот углед во Давос, Вучиќ рече дека нема проблем со тоа.

– Немам многу проблеми со протестите. Тоа е демократски начин на изразување на политички ставови. Ние им дозволивме на нашите политички противници да организираат протести повеќе од една година. Но, според последните анкети, нашите бројки се зголемуваат. Нивните се намалуваат. Само да ги известиме вашите луѓе, ние имаме поддршка од 53 отсто, додека за нив таа е 8,5 проценти, вели Вучиќ за „Јуроњуз“.

Тој додаде дека парламентарните избори ќе се одржат до крајот на април, што е добра работа затоа што „имате можност да се соочите со сопствената политика и онаа на другите“.

Како што рече, бојкотот на опозицијата не може да влијае на легитимноста на изборниот процес.

– Не, ќе имаме голема излезност. Многу поголема отколку што очекуваа многумина. Нивно право е дали ќе бојкотираат или ќе учествуваат на избори. Дадовме се од себе за да ги исполниме сите нивни барања и сите барања на Европската унија. На нив останува да одлучат, одговори Претседателот на Србија.

Што е со независните набудувачи и слободата на медиумите? Вие сте критикувани дека ја користите позицијата претседател за одржување на одреден степен на власта, што е недемократски, се вели во едно од прашањата.

– Се разбира, не е демократско и јас тоа не го правам. Затоа, да ви ја кажам вистината, направивме многу за да ги подобриме предизборните услови, особено во врска со медиумските прашања, но всушност 90 проценти од Србите користат социјални мрежи. И нема ограничувања. Но, ако ја дефинирате политиката преку медиумите, тоа е единственото важно прашање што ќе мора да го изгубите. Тоа е еден од столбовите на демократијата, но не е суштината на самата политика, која е многу поважна.

На европски пат 20 години

Вучиќ се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување директен лет помеѓу Белград и Приштина.

– Многу благодарам на г-дин О’Брајан, Ричард Гренел (американски претставник во Србија) и тоа го правиме заедно. Мислам дека тие летови ќе бидат воспоставени во наредните месеци.

Вучиќ повтори дека не е оптимист за нормализирање на односите Србија и Косово.

– Ние сè уште сме посветени на ЕУ затоа што не гледаме реална алтернатива на тој пат. И тоа е од најголемо значење за српскиот народ и државата. Но, знаете, ние сме на таа патека веќе 20 години. Мислам дека, освен Турција, ниту една земја не чекала толку долго. Некои можеби ќе речат дека имало многу грешки, но се согласувам со вас кога велите дека тоа главно се должи на врската меѓу Белград и Приштина. Но, во исто време, денеска разговарав за тоа не само со европските претставници, туку и со Мајк Помпео. И го прашав: „Добро, дури и ако тоа го сториме, договорот со Приштина, ако најдеме компромис, дали тоа ќе биде доволно за влез во Европската унија?“ И никој од ЕУ, дури ни САД не би можеле да потврдат дека ние би биле дел од Унијата, што значи дека треба да чекаме на одлуката и заклучокот на Европската унија за тоа дали сакаат да ја видат Србија како дел од ЕУ или не.

Рековте дека Србите го губат апетитот за ЕУ. Дали тоа се однесува на вас, и како гледате на случувањата во изминатите неколку години, го прашуваат од авторитетниот медиум на што претседателот одговора:

– Па, ако ме прашате лично дали сум среќен за односот со ЕУ и од сето она што тие неодамна и го дадоа на мојата земја, можам да ви кажам дека не сум задоволен, но јас сум длабоко благодарен на Европската унија што ми помогна кога имавме ужасни поплави од 2014 година. Јас сум им многу благодарен што продолжија да ги поддржуваат реформите; тие ги поддржаа нашите финансиски и економски реформи. И да ја претставуваме Србија на малку подобар начин: ние сме лидер кога станува збор за стапките на раст. Минатата година 4,5 проценти, годинава 4,1 процент. Имаме суфицит во нашиот буџет четврта година по ред. И, ние сме далеку најголемата економија на Западен Балкан. И ние работиме се подобро и подобро – истакна Вучиќ.

Следи констатација на новинарот дека Србија има добри односи со Русија, но дека во одреден момент ќе мора да се одлучи меѓу Москва и Брисел, бидејќи членството во ЕУ бара координација на надворешната политика.

– Знаете кој е вашиот проблем? Вашиот и проблемот на повеќето западни медиуми е што ја имате таа форма. Да, имаме добри односи со Москва и ќе продолжиме да го правиме тоа. И да ви ја кажам вистината, ми здосади да ми држат предавања и да зборуваат за нашата соработка со Кина и Русија, а потоа да ги гледам сите други како се среќаваат со Си Џинпинг и Путин, и тоа почесто од мене. Гледајте си ја својата работа, вие сте суверени држави; Србија е суверена држава. Ние правиме се штоможеме за нашиот народ и за нашата земја – заклучи Вучиќ.

loading...