Вучиќ: Моите деца живеат во најзагадениот дел од Белград

од Vladimir Zorba

„Постои паника, а вие ја ширивте, мислам на сите луѓе кои учествуваат во водењето на кампањата. Се разбира, има вистински проблем, но има и кампања, која понекогаш е гротескна. Исто така, постои вистински проблем што постои со децении, но тоа го има и во Милано, на пример, кој е еден од најразвиените европски градови“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, додавајќи: „Јас воопшто не сакам оправдување, сакам решение“.

Тој додаде дека неговите деца живеат во најзагадениот дел на Србија, Нов Белград.

-Моите деца живеат во Нов Белград, го носиме Вукан (помалиот син) надвор. Денес имате и глобално затоплување и многу повисоко ниво на патниот сообраќај. Околу 20 проценти од загадувањето доаѓа од патниот сообраќај. Денес имате 650.000 автомобили во Белград, што е двојно повеќе од пред 10 години. Во Централна Србија имате голем број мотори EURO 3 и EURO 4 – рече Вучиќ, и додаде дека препорачал Владата да забрани увоз на овие автомобили.

Слични содржини