Вучиќ: Не сакаме голема Србија

од Stefanija Kuzmanovska

„Не сме заинтересирани за создавање на голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра инфраструктура“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Сепак, тој истакна дека кога го кажува тоа, ги слуша луѓето како велат дека не му веруваат.

„Па, јасно ми е дека е потребно време да докажеме дека сме искрени“, рече Вучиќ, зборувајќи во серија разговори на Атлантскиот совет, нагласувајќи дека тој веќе одговорил на прашањето дали ќе има војна.

„На луѓето им е доста од војни, затоа го напуштаат овој регион во изминатите 25 години, а сега гледаме дека полека се враќаат. Ни требаат млади, талентирани и паметни луѓе да се вратат, а не нови војни и нестабилност“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека само будалите мислат дека воената реторика ќе им донесе победа на изборите.

„Ние нема да го дозволиме тоа. Дури и ако некој сака да војува, тие нема да војуваат со нас. Можеме да го гарантираме тоа“, истакна тој.

Прашањето за можни нови војни и поделби во регионот го предизвика објавувањето на наводниот „нон-пејпр“ за поделба на БиХ, чие креирање се потпишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој жестоко го отфрли.

Вучиќ беше во Бања Лука во текот на денот, каде исто така рече дека одбива да размислува за нови војни на Балканот. Тој претходно рече дека не го видел наводниот „нон-пејпер“.

Слични содржини