Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека никогаш не зборувал против интегритетот на Босна и Херцеговина и дека работи да има најдобри односи со Бошњаците, посочувајќи дека бошњачкото политичко раководство веќе подолго време се обидувало од него да направи непријател, за што рече дека е голема грешка.
„Јас нема да бидам нивниот непријател без разлика што тие ќе направат и без оглед како се однесуваат и секогаш ќе работам на најдобри можни односи со Бошњаците“, рекол Вучиќ како гостин на ТВ Прва.
Вучиќ одговорил на обвинувањата на Партијата за демократска акција (СДА) дека води агресивна политика и дека има територијални побарувања против БиХ, што следеле откако Вучиќ објави дека ќе ги покани во Белград српските лидери во БиХ, Милорад Додик и Жељко Цвијановиќ, да разговараат за документот испратен до него од Додик и Цвијановиќ, во кое пишуваат за „антидејтонското однесување на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ и двојните стандарди на западните земји во врска со статусот на Република Српска и Косово“.
СДА оценила дека ова е координирана акција на претседателот на Србија со раководството на РС, со цел да се поврзе статусот на Косово со РС во тековните преговори меѓу Белград и Приштина и да претставува продолжување на агресијата против БиХ со цел да се загрози нејзиниот интегритет.
„Каде го слушнавте тоа од мене?“, прашал Вучиќ за време на гостувањето во утринската програма.
Не зборував против интегритетот на БиХ
Тој изјави дека Додик неодамна му кажал во Бања Лука дека има одредени идеи, по што Вучиќ побарал од него да ги испрати тие документи за да се запознае со нив, доколку Република Српска очекува нешто од Србија.
„Се разбира, двапати го прочитав документот и нема да се изјаснам додека не разговарам со нив. Тоа е целата моја улога во тоа“, изјавил Вучиќ.
„Политичкото раководство на Бошњаците присилно се обидуваат да непријатели од пријателите, што е нивна голема грешка, но тие го правеа тоа долго време, не од вчера. Јас нема да бидам нивниот непријател без разлика што прават и како се однесуваат, и секогаш ќе работам на најдобрите можни односи со Бошњаците“, соопштил Вучиќ.