Вучиќ понуди за премиер на Србија жена со нетрадиционална сексуална оринетација

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Ана Брнабич има над 10 години искуство со меѓународни организации и странски инвеститори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ понуди лезбејка за премиер на земјата. Тоа е Ана Брнабич, која во моментов е министер на државното управување. Ана Брнабич не крие дека е лезбејка, па таа е првата жена премиер на Балканот со нетрадиционална сексуална ориентација. Таа завршила маркетинг во Велика Британија.

Има над 10 години искуство со меѓународни организации и странски инвеститори, како и во локалната самоуправа.

Таа е во раководството на Фондацијата за талентирани студенти од Србија , кои по дипломирањето се враќаат во своите земји. Брнабич има репутација на проевропски политичар.

Таа беше го известила Вучиќ за нетрадиционалната сексуална ориентација уште минатата година, кога тој во својство на премиер ја формира тогашната влада. Тогаш Вучиќ изјави дека “тоа не претставува проблем”. Кандидатурата на Ана Брнабич треба да биде одобрена од парламентот со просто мнозинство. / ТАСС,