Српскиот претседател Александар Вучиќ за италијанскиот весник “Република” изјави дека неговата земја е целосно стабилна.

На прашањето дали по судирите во Белград, стабилноста на Србија е загрозена, Вучиќ одговара на следниов начин: “Србија е целосно стабилна и прекршителите не ја претставуваат Србија”.
“Сакам да ја смирам Европа: Србија е апсолутно стабилна. За жал, мирните демонстрации, во кои не учествуваа многу луѓе станаа насилни. Полицијата го гарантира мирот и редот по еден мирен начин”, вели Вучиќ и нагласува: “Во српските улици повеќе нема да гледате неказнето насилство. Никогаш не сме биле постабилни. Поддршката за опозицијата намалува и тоа се гледа од анкетите.
Потсетуваме дека за време на граѓанските протести во саботата демонстрантите влегоа во зградата на државната телевизија РТС и побараа да се вклучат во централните вести, да добијат свој простор за да им објаснат на граѓаните, зошто од три месеци стотици илјади Срби секоја сабота протестираат во десетици градови на земјата.
Полицијата ги влечеше по подот дел од влезете во РТС за да ги изведе надвор од зградата. Имаше и неколку приведени кои во почетокот на неделава Вучиќ нареди да бидат ослободени. Сите ученици беа млади луѓе и студенти.
Синоќа повторно беа протести во неколку градови низ целата земја.