Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи во утринската програма на српската телевизија Прва, зборувал за тековните состојби во земјата.
Претседателот ја коментирал состојбата со коронавирус во Србија и рекол дека, иако ситуацијата се подобрува, никогаш не можете доволно да се опуштите.
На заклучокот дека Ричард Гренел инсистира на економски теми, Вучиќ рекол дека целата администрација на Доналд Трамп има подобар однос кон Србија.
Според него, на 3-ти или 4-ти септември ќе има разговори во Вашингтон со претставници на Косово и дека е можно на средбата да се појави и Доналд Трамп, поради големата веројатност да бидат донесени одредени одлуки на самиот состанок.
„Подготвен сум, се борев цел живот, сигурно ќе биде тешко. Знам дека Албанците нема да зборуваат за економијата, тоа воопшто не ги интересира нив. Не е проблем за нас да зборуваме на било која тема, туку проблемот е она што можете да го понудите. Излезете со нешто што е малку посериозно и за што би можеле да разговараме“, рече Вучиќ.