Вучиќ за можната средба со Трамп: Се надевам, но не гарантирам

од Nikola Popovski
404 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека не може да гарантира дека утре ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, но, како што рекол, се надева на тоа.

„Ако ги завршевме разговорите вечерва според американско време, ќе се подготвевме со тимот и тогаш ќе имав две, три минути со претседателот (Трамп). Не мислам дека го имал тоа ниту еден претседател, секако не во последните 40,50 години“, рекол Вучиќ пред новинарите во Вашингтон по разговорите со делегацијата на Косово во Белата куќа.

Ние, секако, вели Вучиќ, ќе се подготвиме за тоа.

„Ќе имаме добра порака и за американскиот народ и за Србите кои живеат во Америка“, рекол Вучиќ, додавајќи дека не сака да шпекулира дали ќе има средба со Трамп.

Вучиќ изјавил дека, доколку дојде до прием и средба на највисоко ниво во Белата куќа, тоа ќе значи дека српската делегација не е незадоволна.

Слични содржини