Вучиќ: Да не бевме толку силни, Курти досега ќе ги нападнеше и Србија и Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Посетата на Албин Курти на Тетово е скандал над скандалите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Она што се случи е скандал над скандалите“, рече Вучиќ, коментирајќи ја посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија.

Вучиќ за телевизија Пинк изјави дека тука е промовирана идејата за Голема Албанија и дека Курти е претставен како премиер на сите Албанци.

„Тоа се работи кои се загрижувачки. Да не бевме воено толку посилни, толку пати посилни и помоќни во однос на технологијата, оружјето и се друго, знаете ли колку пати Курти ќе го нападнеше секој дел од Србија? Погледнете ја неговата идеологија, тој не би ја нападнал само централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би се случило и со Албанија“, предупреди претседателот Вучиќ.

Слични содржини