Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски ја посети винаријата Алексиќ.
„Немаме отворени прашања со Северна Македонија, додека не се разговара за чие вино е подобро“, напиша тој на инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
„Го донесов нашиот гостин во винаријата Алексиќ со надеж дека ќе можеме да го затвориме ова прашање еднаш засекогаш“, додаде тој.