Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека политиката, изборите и животот не се математика и игри и дека во политиката она што сте подготвени да го направите за луѓето е поважно од која било математика.
„Она што ќе го направите за народот на Србија е секогаш многу поважно од која било математика. Мислам дека е важно луѓето да знаат дека изборите не се игри и дека државата не е играчка. И дека е важно да се зачува државата. Токму затоа што некои мислат дека со математика можат да ја променат судбината на државата и дека со математика можат да уништат се што е создадено и да не вратат во минатото“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
Вучиќ додаде дека на коалицијата собрана околу листата „Србија не смее да запре“ e да каже која е нивната програма, план и ветувања.
Тој истакна дека луѓето треба да размислуваат за својата земја и држава.
„Секогаш е лесно да се најдат доволно причини да се лутиш на нешто или некому. Но, тоа не е причина да се оди против својата земја, и јасно е дека глас за нив (опозицијата) е глас против својата земја. Имаме една земја и ние немаме резервна татковина. Ова е нашата Србија. И затоа барам да се однесуваат одговорно и сериозно“, додаде Вучиќ.