Вучиќ: Не само за Србија туку се борев и за Македонија и БиХ да станат дел од ЕУ

„Не би ја исклучил можноста Србија, Босна и Херцеговина и Македонија да влезат во ЕУ заедно со Украина“, вели српскиот претседател

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Њузмакс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја.

Вучиќ бил гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и соопштил дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан се приклучат „на Европската Унија или на некаков вид полуевропска Унија“.

Тој објаснил дека се разработува посебен пристап како дел од мировниот договор за Украина, за Србија да може да стане членка од 1 јануари 2027 година, што го оценува како можност за земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија.

„За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Северна Македонија“, додал Вучиќ. На прашањето дали таквото сценарио е реално, српскиот претседател одговорил: „Не сум сигурен, но не би ја исклучил таа можност“.

Слични содржини