Вучиќ: Никој нема да трпи никакви последици поради предавање нелегално оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Србија и зборуваше за мерките кои се преземаат за безбедноста.

Говорот го започна со информации за предавањето на оружје.

„Во акцијата за собирање оружје успеавме да собереме 9.401 парче оружје, 460.537 различни куршуми, 884 експлозивни направи. Веруваме дека ова ќе биде најуспешната акција досега и ќе биде долгорочна“, започна Вучиќ.

„Кога ќе видите предадени 10.000 цевки, тоа е огромен напредок за нашиот народ во целина. Горд сум на она што го постигнавме како граѓани и барам од нив да продолжат со оваа акција. Никој нема да трпи никакви последици поради предавањето нелегално оружје“, додаде тој.

Слични содржини