Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека очекува големи промени од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, особено соборување на, како што рече, „постоечкиот корумпиран систем кој служел за уништување на слободните и слободарски држави во светот“.
„Ако го сторат тоа, тоа се структурни промени во политичкиот крвоток во светот и верувам дека ќе го направат тоа“, рече Вучиќ на ТВ Хепи.
Тој изјави дека многу организации служеле како групи за притисок и за унапредување на интересите на светските агенции и верува дека Трамп ќе го спречи тоа, а со тоа ќе го спаси својот буџет, како и на десетици слободољубиви нации.
„Одеднаш Америка ќе се вивне во нивните очи. Неверојатно е колку ќе се подобри репутацијата на Америка низ светот“, рече тој.
Тој додаде дека им верува на Вивек Рамасвами и Илон Маск, кои можат да му заштедат на американскиот народ многу пари и да влијаат на важните одлуки во САД.