Вучиќ под сѐ поголем притисок, сега на врат му седна и рускиот амбасадор

Рускиот амбасадор тврди дека српскиот претседател реагирал веднаш по новите обвинувања од Кремљ.

од desk2
41 прегледи

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, денеска порача дека се надева оти српскиот претседател Александар Вучиќ го „решил“ извозот на муниција од Србија во Украина, велејќи дека тоа била „загрижувачка“ ситуација во односите со Москва.

Српското министерство за одбрана кон крајот на јуни објави дека, во согласност со упатствата на претседателот на државата, воедно и Врховниот Командант на Војската на Србија, го прекинува извозот на оружје и воена опрема, произведени во Србија, откако Москва претходно таа седмица го обвини Белград за индиректна продажба на артилериска муниција на Украина.

Изјавата на министерството за одбрана дојде откако руската агенција за надворешно разузнавање (СВР) објави дека две српски компании продавале ракети за повеќецевни фрлачи и минофрлачки гранати, или компоненти за нив, кои се извезувале во Украина преку две компании во Чешка и Бугарија. Тоа беше второто така интонирано обвинување од СВР, по првото објавено на 29 мај.

Вучиќ тогаш, по состанокот со воениот врв, рече дека земјата ги запрела сите продажби на оружје, не доведувајќи ја таа одлука во врска со соопштенито од руските разузнавачи, второ во период од еден месец, со кое Белград директно беше обвинет дека неговата воена индустрија е „свесна за вистинските потрошувачи“ на своите производи.

Оценувајќи ги односите меѓу Белград и Москва како „генерално позитивни“, рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко во понеделникот во интервју за белградскиот дневен весник Политика рече дека има „загрижувачки“ работи, споменувајќи го извозот на муниција од Србија којашто пристигнувала во Украина.

„Имаше и ситуација со српската муниција што доаѓаше во украинските вооружени формации, која претседателот Вучиќ, се надеваме, веднаш ја реши“, рече Карченко.

На забелешката од новинарот дека Србија има проблем со т.н. „крајни корисници“ на извезената муниција, (и корисникот), рускиот дипломат истакна дека овој проблем постои, но смета дека „тука претседателот Вучиќ конечно дојде до решение што ја спречува можноста за измама од таканаречените крајни корисници и испорака на српско оружје на Украина”.

„Не велам дека Србија директно испорачувала оружје на Киев“, истакна Боцан Харченко.

Истакнувајќи дека Белград не се приклучи на меѓународните санкции кон Русија и нема намера да го стори тоа, тој додаде дека руско-српската соработка продолжува.

„Ја продолжуваме нашата соработка, која сепак не оди со иста брзина како порано, бидејќи земјите околу Србија се претежно антируски настроени. Во оваа смисла, санкциите создаваат логистичка пречка“, рече Харченко во интервју за весникот Политика, истакнувајќи дека, без оглед на тоа, двете земји соработуваат на економски план.

Србија ја сметаа Русија зао традиционален сојузник, а во голема мера е зависна од рускиот гас и засега има поволни аранжмани со Москва што Белград се обидува да ги продолжи.

Слични содржини