Вучиќ: Постои расположение за вонредни избори, остануваат технички детали за датумот на одржувањето

од Radmila Tasevska

Кај партиите на власта постои расположение за барањето на опозицијата за вонредни парламентарни избори на сите нивоа, остануваат технички детали кога би се одржале, изјави во обраќањето до јавноста српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Сакам да кажам дека разговарав со претставници на политичките партии на власт и гледам дека постои расположение да се исполнат барањата на поранешниот режим. Остануваат да се видат технички детали во кој момент тоа треба да се изведе, кажа Вучиќ додавајќи дека за ова ќе се расправа по одржувањето на Бриселскиот дилајолог на 14 септември и седницата ГС на ООН од 19 до 26 септември.

– Најпрвин ќе одржам заеднички средби со претставниците на власта на кои ќе побарам од нив да ги земат предвид сите барања и закани на претставниците на поранешниот режим, по што во согласност со Уставот ќе донесам одлука, кажа Вучиќ.

Тој говореше и за состојбата на Косово, оценувајќи дека како се доближува Бриселскиот дијалог идната недела, се зголемуваат проблемите, како што е упадот во фабриката во Зубин Поток, продолжување на апсењата и нападите на Србите, блокадите за српски производи и провокациите за иселување на српските институции на северно Косово.

– Иселувањето на институциите веројатно ќе продолжи, но нашиот народ ќе гледа како да се спротивстави на мирен начин, кажа Вучиќ и посочи дека договорите што се потпишани не вклучуваат бази за сместување на полицијата на северот на Косово.

Тој додаде дека „молба и неговото барање до претставниците на ЕУ и САД, Кина и Русија е да се согледа на ситуацијата на Косово преку аргументи, а не преку тоа кој ја создал т.н. независност на Косово, но да се види кој навистина продуцирал немири и конфликти и во чиј интерес е тоа, ако ни на кој начин не учествувал во тоа“.

Тој говорејќи за неговата дипломатска активност, тој најави дека „в понеделник во Скопје ќе има разговори во рамки на иницијативата Брдо – Бриони“.

Слични содржини