Српскиот претседател Александара Вучиќ, обраќајќи им се денеска на граѓаните, повторно ги спореди принципте на меѓународната заедница за настаните на северно Косово со убиството на осумте полицајци во Куманово во 2015 година, оценувајќи го тоа како притисок бидејќи „еден принцип важи за сите останати, но не и за Србите“.
„Кога беа убиени осум полицајци во Северна Македонија, тоа не го направија терористи, иако тоа го направија на територијата на суверена земја призната од ОН, а кога еден полицаец, кој, патем, според Бриселскиот договор, не може да биде таму каде што бил, е убиен, што ние го осудуваме и не го оправдуваме на никаков начин, тогаш сите Срби до 14-то колено мора да бидат под истрага, уапсени, убиени без никаква одговорност или право да се бранат“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.