Вучиќ: Следната недела распишувам парламентарни избори, ќе се одржат на 17 декември

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека во текот на следната недела ќе распише парламентарни избори, а тие ќе се одржат на 17 декември.

Вучиќ за РТС изјави дека врз основа на законската процедура ќе распише избори врз основа на аргументираниот предлог на владата во наредните денови.

„Пред тоа, претседателот на Националното собрание ќе распише локални избори во околу 60 единици на локалната самоуправа на територијата на Србија“, изјави Вучиќ за РТС.

Како што рече, потоа следува распишување покраински избори.

Вучиќ рече и дека утре ќе има средби со шестмина високи европски претставници на кои ќе разговара за начинот на формирање на Заедницата на српските општини на Косово и Метохија.

„Ќе имаме средба со Шарл Мишел, Жосеп Борел, Мирослав Лајчак и големата европска тројка – Макрон, Шолц и Мелони“, изјави српскиот претседател за РТС.

Тој додаде дека разговорите ќе се водат во формат еден плус нула, односно на средбите од белградска страна ќе присуствува само тој.

Слични содржини