Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше видео обраќање до студентите во блокада, коишто веќе осум месеци протестираат против неговиот режим. Тој ги покани сите претставници на, како што рече, „студентското-блокадерско движење“ на дебата што ќе се одржи јавно, на сите телевизии.
„Предлагам разговор и дебата на сите наши телевизии и портали, со легитимни претставници што тие ќе ги изберат. Спремен сум да влезам во дијалог, дебата, јавно, со тројца или четиримина што поинаку мислат. Имаат право тоа да го бараат од својот претседател, вклучувајќи и избори и сѐ друго“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека целта не е победа во расправа, туку заедничко барање на решение.
View this post on Instagram
„Дел од луѓето во нашата земја сакаат промени. Прво го маскираа тоа со барања за правда, а потоа отворено почнаа да зборуваат за политички промени и барања за избори, иако претходно ги отфрлија. И покрај сите лоши работи што ги мислам за нивните барања, мислам дека е многу важно да ги слушнеме и да се слушаме едни со други. Мислам дека е од клучно значење да се обнови дијалогот во нашата Србија“, истакна Вучиќ.
На тоа одговорија студентите во блокада од бројни факултети во Србија, а сите пораки се сведуваат на едно – сакаат да се распишат избори и дека нема да разговараат сега, туку кога ќе бидат распишани и за време на кампањата.
Првин стигна одговорот на Х од студентите на Земјоделскиот факултет во Белград. Беше краток.
„Можеби кога ќе распишеш избори!“
Можда кад распишеш изборе!@avucic pic.twitter.com/cNZE2Ko6LR
— Poljoprivredni blokada (@agrifblokira) August 22, 2025
Потоа реагираа и нивните колеги од Филозофскиот факултет.
„Претседателот нè покани на јавна дебата. Очигледно дека нема одговор на народниот бунт, па сега би сакал да разговара со нас, кои со месеци нѐ нарекува терористи. Ќе дебатираме за визии и програми за иднината во предизборната кампања, кога ќе распише избори“, напишаа студентите во блокадата на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград на социјалната мрежа „X“.
Predsednik nas je pozvao na javnu debatu. Očigledno da nema odgovor na narodni bunt, pa bi sad i da razgovara sa nama koje mesecima naziva teroristima. O vizijama i programima za budućnost ćemo debatovati, u predizbornoj kampanji, kad raspiše izbore.
— Filozofi u Blokadi (@FFUBublokadi) August 22, 2025