Вучиќ со Ковачевски: „Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски изјави дека Србија и Северна Македонија се навистина пријателски земји.

„Ако ме прашувате мене, братски“, напиша Вучиќ вчера на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“.

Тој додаде дека нема и не смее да има недоразбирања меѓу Белград и Скопје.

„Ништо не бараме од нашите браќа, единствено што нудиме е искрено пријателство“, изјави Вучиќ.

Слични содржини