210
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти денеска дека имал искрена и тешка средба со германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, кому му порачал дека Србија ќе се спротивстави на понижувањата што ѝ се подготвени во Советот на Европа и во Обединетите Нации.
„Искрен и исклучително тежок состанок со Мануел Зарацин. Не се согласуваме речиси за ништо освен во ставот дека треба да се зачува мирот на Западен Балкан“, напиша Вучиќ во пост на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Српскиот претседател додаде дека на Зарацин му рекол оти Србија територијално и бројно е мала земја, но земја на горди луѓе, кои, како што наведе, ќе се спротивстават на понижувањата што ѝ се подготвуваат во СЕ и ОН.