245
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во видео порака објавена на својот Инстаграм профил порача дека луѓето можат без грижа да ги чекаат зимските празници и Божиќ, и дека за Србија нема да има зима.
Тој порача дека се оди добро, а дека Србија има доволно од се.
„Навреме се обезбедивме, купивме милијарда евра за да имаме многу злато, Јавниот долг ни е на ниско ниво, подобар од над 92 отсто од земјите на ЕУ, на 55 отсто сме во однос на бруто домашниот производ“, рече тој.