Американскиот режисер Вуди Ален во најскоро време ќе пристигне во Шпанија, каде ќе започне со работа на нов филм, соопштија претставници на киностудијата MediaproStudios.
Филмот, кој сè уште нема име, беше објавен во февруари. Новата лента на Вуди Ален ќе биде романтична комедија за американска двојка која пристигнува во шпанскиот град Сан Себастијан на филмски фестивал, пишува Variety.
Главниот лик започнува романса со брилијантен француски режисер, а нејзиниот сопруг се вљубува во прекрасна Шпанка.
Вуди Ален, заедно со МедијапроСтудиос, ги сними Вики, Кристина, Барселона и Полноќ во Париз. Двата филмаосвоија повеќе награди, меѓу кои и Оскар.
Во новиот проект на Ален ќе учествуваат Кристоф Валц, Елена Анаја, Серхи Лопез, Џина Гершон и др.