Вуди Ален, решисер и четирикратен добитник на Оскар позант по своите комедии со невротични ликови, станува дел од американската хистерија во врска со сексуалното вознемирување, затоа што на товар му се става дека ја злоупотребувал својата ќерка.

Њујорчанецот (82), кој во просек еднаш годишно поставува нов филм, до сега собра повеќе од 20 наслови, а се смета за филмски гениј, иако не е омилен кај критичарите.
Недокажаните тврдења против него велт дека повеќе од 25 години ја злоставувал својата посвоена ќерка, од кога имала седум години, но и дека имал однос со посвоенате ќерка на сопругата од претходниот брак.
Вуди Ален, роден на 1 декември 1935 година како Ален Конигсберг во семејство на еврејски емигранти од втора генерација во Њујорк, го поминал поголемиот дел од детството во својата бруклинска соба, практицирајќи магични трикови или свирејќи кларинет.
Но, од почетокот, вели, сонувал за тоа да биде како Годард, Фелији, Труфо или Реноа, неговите филмски идоли. Како сценарист, актер и режисер, освои четири Оскари и номиниран е 20 пати во импресивната кариера која често е замаглена од негоивот личен живот.
Со партнерката Дајан Китон направи некои од своите најпопуларни филмови, меѓу кои и романтичните комедии “Annie Hall” и “Manhattan”.
Мија Фароу, со која Ален 12 години беше во брак, се појави во 13 негови филмови, меѓу кои и “Hannah and Her Sisters”, еден од неговиоте најголеми комерцијални хитови.
Нивната врска пукна во 1992 година, кога Фароу откри дека Ален имал многу голи фотографии од Soon-Yi, нејзината посвоена ќерка од претходниот брак со пијанистот Андре Превин.
Ален и Soon-Yi потоа стапија во брај и се уште се заедно. Имаат две деца.
Дилан Фароу, неговата посвоена ќерка од првиот брак, тврди дека Ален сексуално ја нападнал.Обвиненаијата за сексуално вознемирување се поттикнати од актуелната холивудска хистерија за сексуално вознемирување во САД.
За време на телевизиско интервју Дилан Фароу оваа недела внимателно го опиша својот татко како лажго.