За најдобрата Сун-Ји. Ја пуштив да ми јаде од рака и тогаш забележав дека раката ми недостига, напиша холивудскиот режисер и актер Вуди Ален во посветата на својата 22-години помлада сопруга. Во новите мемоари тој зборува за контроверзната љубовна врска со својата посвоена ќерка.
Тој откри дека на почетокот на врската не можеле да ги тргнат рацете еден од друг. Тогаш ги снимиле еротските фотографии. Режисерот врската со ќерката, која ја посвои со актерката Миа Фероу, ја започнал кога таа имала 22 години, а во мемоарите тврди дека и покрај разликата од 35 години Сун-Ји била подготвена за врвно созревање бидејќи тој и ја покажал љубовта. Својата врска ја криеле, а Миа открила кога ги пронашла тие еротски фотографии.
Ален опишува дека тој и Сун-Ји преминала од однос на двајца луѓе кои никогаш не се сакале, до пар кој е сега оженет повеќе од дваесет години и се уште е страсно вљубен. Парот е во брак од 1997 година, а заедно ги имаат двете ќерки: Бечет и Мензи Тио.
Неговата книга требало порано да биде објавена, но веста за нејзиното издавање го разбесни неговиот син, наградуваниот новинар Рон Фероу, кој тврди дека Вуди ја злоставувал својата друга ќерка Дилан Фероу.