Вујко Вања го менува Мекдоналдс?

од Nikola Popovski

Откако Мекдоналдс привремено го суспендираше својот бизнис во Русија, замена за овој бренд во Русија наводно стана „Вујко Вања“.

Се наведува дека знакот „Мекдоналдс“ е свртен така што личи на буквата „В“. На социјалните мрежи се шири барање за регистрација на трговска марка за која не е потврдена автентичност.

Руски синџир на ресторани, наводно открил лого што е исклучително слично на познатите златни сводови на гигантот за брза храна, пишува британски „Индипендент“.

Менаџментот на Мекдоналдс минатата недела соопшти дека „поради оперативни, технички и логистички тешкотии“ компанијата привремено ги прекинува услугите во Русија од 14 март, бидејќи „не може да гарантира непречено функционирање на главните области, одржувајќи клучен опсег во мрежата и високи стандарди на квалитетот на кој се навикнати гостите“. Претходно, на 8 март, извршниот директор Крис Кемпчински најави привремено затворање на рестораните во Русија. Како што објасни Кемпчински, сите 62.000 вработени во Мекдоналдс во Русија ќе ги задржат своите плати.

Да потсетиме, по ваквата одлука за прекин на услугите на Мекдоналдс во Русија, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев се прости од овој ланец за брза храна, велејќи дека во Русија можат сами да прават плескавици.

Фото: SHUTTERSTOCK/MICHAEL GORDON

Слични содржини