279
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, реагираше на изјавата на претседателот Пендаровски, кој рече зборувајќи за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека е „против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.
– Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето – рече Вулин, пренесува РТС.
Ова не е прв пат Вулин да реагира на изјава на шефот на државата. Тоа го стори и минатата година исто така во врска со изјава за Косово и Србија. Тогаш Вулин му порача на Пендаровски да погледне дека во мапата на Голема Албанија се наоѓа и Северна Македонија.