Вулин: Србија е најсилната земја на Балканот

од Vladimir Zorba

Министерот за одбрана на Србија, Алескандар Вулин, како гостин во емисијата „Хит твит“, по повод доаѓањето на американската меѓународна финансиска корпорација за развој (ДФЦ), изјави дека Србија станува најсилната земја на Балканот

Говорејќи за доаѓањето на ДФЦ во Србија, Вулин рече дека тоа е добра вест и дека Србија е стабилна земја со добар пазар.

„Тоа е порака дека Србија е најсилната земја на Балканот, без оглед дали некои сакаат да го признаат тоа или не, и така треба да се разговара“, рече Вулин, додавајќи дека секој што сака да дојде во Србија го почитува законот е и повеќе од добредојде

Вулин, исто така, посочи дека Србија ја прилагодува својата политика кон себе, а не кон големите сили.

Слични содржини