Вулин: Вучиќ е прислушуван, на нас е да го потврдиме тоа

од Nikola Popovski

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, денеска изјави дека претседателот на Србија бил прислушуван и дека службите работат на истрагата на тој случај.

„Вучиќ не го рече тоа заради политички маркетинг, туку затоа што е точно. Претседателот ја кажа вистината и на нас е да ја потврдиме таа вистина“, рече Вулин за ТВ Прва и додаде дека надлежните служби го информирале претседателот за тоа. Министерот вели дека не може да зборува за деталите на истрагата, но дека „претседателот сигурно не бил прислушуван со добри намери“.

Вулин изјави дека дефиницијата за мафијата подразбира дека „организирана криминална група е секогаш во врска со некој од круговите на власта, со некој што носи одлуки, кој може да ве апси или ослободува“ и „дека едноставно е така“, а истрагите против мафијата се веќе се еден од приоритетите.

„Претседателот Вучиќ ја објави борбата против мафијата и таа се води“, рече Вулин. Тој оцени дека „полицијата е ефикасна, но тоа не значи ништо“ затоа што ние сме „статистички безбедна земја, но граѓаните се чувствуваат несигурни“. Тоа, вели тој, ќе се промени со расветлување на злосторството. Тој вели дека минатата година се случиле пет мафијашки убиства и дека сите биле расветлени.

Вулин изјавил дека се води борба против кавачкиот и шкаљарскиот клан и дека има уште неколку убиства од претходниот период што треба да се расветлат. Зборувајќи за изјавите на Бакир Изетбеговиќ дека Србија ѝ должи на Босна и Херцеговина, Вулин рече дека прво треба да кажат „кој се обиде да го убие Вучиќ во Сребреница“ и „каде исчезнал домаќинот во тоа време“.

Слични содржини