
Ерупција на јапонскиот вулкан Кусацу Ширане предизвика лавина во која загина еден, а повредени се 15-ина војници кои вршеле ски подготовки на падините на вулканот.
Дел од војниците биле зафатени од лавината додека се возеле во жичница и нивните кабини биле погодени од карпи.
При ерупцијата на вулканот во атмосферата се одвои големо количество пепел, најверојатно во регионот се формирале и лавини.
. Според различни светски агенции, бројот на повредени лица е различен. Според локалната страница “Кјодо вести” жртвите се 15, според “ABC News” во несреќата se повредени 9 лица.
Двајца други лица биле повредени додека се возеле во лифт. Прозорецот на кабината бил погоден од вулкански камења кои летале во воздухот при ерупција. Исто така, постојат информации за 5 лица со скршени екстремитети, но не и посериозни повреди кои би можеле да се животно загрозувачки .
Луѓето во одморалиштето се повикани да го напуштат радиусот од 2 километри околу разбудениот вулкан.
Метеоролошката агенција во Јапонија го зголеми статусот на вулкански грижи до третото ниво. Затоа, влезот на планината е ограничен. Постои веројатност да се фрли многу пепел.
Во Јапонија има 110 активни вулкани, а во 2014 година ерупција на вулканот Онтаке уби 63 лица.