Вулканската ерупција на Канарските острови продолжува 15-ти ден: Лавата уништи повеќе од 1.000 куќи!

од Vladimir Zorba

Ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја на островот Ла Палма во Шпанија продолжи и 15 -ти ден, објави „Спутник“.

Шпанија во моментов развива план за закрепнување заедно со властите на Канарските острови и градскиот совет на Ла Палма.

Планот е составен од неколку фази, од кои едната вклучува обезбедување 10 милиони евра за оние кои се во ризик од ерупција. Вториот дел од планот треба да биде одобрен утре.

Се верува дека лавата од вулканот досега уништила повеќе од 1.000 куќи, а повеќе од 6.000 луѓе се евакуирани. На голем број евакуирани им беше дозволено да се вратат дома.

Ерупцијата започна на 19 септември.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, вчера објави дека државните власти ќе обезбедат 206 милиони евра помош на островот Ла Палма за закрепнување по ерупцијата на вулканот.

Слични содржини