WADA за допингот во Русија: Се се случувало под чадорот на спортското Министерство

од desk3
74 прегледи

Повеќе од 1.000 руски спортисти во 30 спортови беа вклучени во манипулација на допинг примероци. Прикривањето на користење на допинг во рускиот спорт е во невидени размери и се случило под чадорот на спортското министерство, се вели во вториот дел од извештајот на независната комисија на Светската антидопингова агенција под водство на Ричард Мекларен.

“Повеќе од 1 000 руски спортисти се натпреваруваа во летни, зимски спортови и параолимписки. Меѓу нив 503-ца се претставници на летни спортови (82%) и 92-ца од зимски (18%). Меѓу нив има и фудбалери. Сите тие добиле корист од државната поддршка на допинг во Русија. Ние откривме замена на примероците на 12 руски медалисти од Олимпијадата во Сочи. Минипулации со допинг примероци биле утврдени кај двајца спортисти, кои освоиле четири златни медали на Зимските олимписки игри во 2014 година “, се вели во вториот дел од извештајот, кој беше претставен денеска во Лондон.

Манипулациите продолжиле и по Олимписките игри во 2014 година, се тврди во извештајот.
Првиот дел беше изнесена на 18 јули и WADA тогаш препорача на Меѓународниот олимписки комитет да ја отстрани Русија од учество на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. МОК сепак одлучи да не ја отстранува Русија и довери на меѓународните федерации во различни видови спортови да одредуваат кој од Русите може да патуваат за Рио.
Во месец мај The New York Times објави материјал со изјави на поранешниот директор на Руската антидопингова агенција Григориј Родченков. Тој тврдеше дека минимум 15 руски спортисти кои освоија медали на Зимската олимпијада во Сочи, биле дел од “допинг програма” на Русија, создаден за да доминира земјата на домашните Игри. Подоцна WADA започна сопствена истрага на база изјавите на Родченков.