Бразилскиот напаѓач Винициус Јуниор (17) го оствари својот фудбалски сон и потпиша за Реал Мадрид договор тежок 45 милиони евра.

Винициус заминува во Реал од Фламенго, иако за него се бореше и Барселона која понудила повеќе пари за фудбалерот.
„Барселона понуди повеќе, но на крај се одлучивме за Мадрид, затоа што некои други услови и долгорочни планови беа поповолни“, вели менаџерот Фредерико Пења.
Јуниор во кадетската репрезентација на Бразил на 15 натпревари даде 12 гола, а во Фламенго одигра дури 1.000 минути.
„Најмногу ми се допаѓаат Кристијано Роналдо и Герет Бејл па затоа сум среќен што ќе дојдам во еден од најголемите клубови на светот“, вели Јуниор, кој во 2019 година треба да се пресели на Сантјаго Бернабе.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=HJ83-HOWgKA