За 24 часа има еден нов хоспитализиран пациент со ковид во Скопје

од Берта Китинска
167 прегледи

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 30 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекува еден пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 12 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 18
пациенти.Вкупно 30 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 35 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.