Отровот на шкорпијата не само што е опасен, туку може да ви помогне да заработите многу пари.

Отровот од средоземната жолта шкорпија – “Deathstalker”, може да биде смртоносен, но на вас може да ви помогне да заработите милиони долари.
Средоземната шкорпија е една од најопасните шкорпии на планетата, а нејзиниот отров е најскапа течност на светот – нејзината вредност е 39 милиони долари за само 3,78 литри.
https://www.youtube.com/watch?v=T9cHEth73ns
Дури и ако имате пари, не би можеле да купите литар отров, бидејќи можете да го добиете само во мали количини. Имено, за 130 долари би добиле капка која е помала од зрно шеќер.
Причината е многу едноставна – многу е тешко да се дојде до отровот.
За да се добие оваа скапоцена течност, отровот мора да се извлече рачно, а само една шкорпија произведува, во повеќето случаи, најмногу два милиграма отров.
Со самото тоа, од една шкоропија би морале да извадите отров 2,64 милиони пати за да добиете 3,78 литри течност.
Еден убод е доволен да убие здрав човек, а сосема сигурно предизвикува болка.
Шкорпијата, како и другите отровни животни, употребува отров за ловење на плен, одбрана од можни закани и зашеметувањена партнерот во текот на парењето. Отровот од шкорпијата може да се состои од низа соединенија, од кои некои го погодуваат нервниот систем.
Основачот на “Venomtech”, фармацевтска комопанија која се занимава со производство на лекови, Стив Трим, е еден од неколкуте доволно храбри луѓе кој е подготвен да го искористи моќниот отров на шкорпијата, токму затоа што содржи корисни состојки кои можат да помогнат во развојот на медицината.