За да се променат нештата во државата, треба политичките интереси да се стават настрана, порачува Гир

од Vladimir Zorba

За да се променат нештата, треба политичките интереси да се стават настрана, а фокусот да биде на националните интереси, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 – 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“.

– Во тој контекст прашањето за уставни измени, што е суверена одлука на оваа земја, е важен чекор што треба да се преземе, што автоматски ќе води до втората меѓувладина конференција, вели Гир.

Според него, многу е важно да има отворена дебата за оваа прашање и кои се интересите на земјата.

Ги повика политичките партии да ги надминат поделбите и да се обединат околу прашањето за влез во ЕУ и да го направат национален проект.

Гир се наврати и на самитот во Солун пред 20 години кога Унијата имаше само 15 земји-членки. Посочи дека од тогаш до денес има постигнато огромен напредок во Западен Балкан.

Во изминатите 20 години пристапувањето на земјата во ЕУ беше блокирано како резултат на три вета, посочи Гир, со што кредибилитетот на ЕУ беше сериозно нарушен и разбирливо е што луѓето се фрустрирани.

Но, исто така има и одговорности од страна на партнерите во регионот. ЕУ не е главен одговорен за нивните неуспеси во спроведување на реформите, но и за прашања како борбата против корупцијата и владеењето на правото, вели евроамбасадорот. Не треба да се негира напредокот, но исто така треба да се разговара и за одговорноста.

Повтори дека проширувањето на Унијата е во нејзин интерес бидејќи таа има потреба од безбедност, стабилност, просперитет и демократски развој.

Слични содржини