И се да остане затворено, училиштата мора да бидат отворени. До таа мера е важна благосостојбата на децата да не се наруши во тек на образованието и наставата, вели д-р Драган Даниловски за денешниот почеток на второто полугодие од учебната година.
Според него, со ковид-кризата децата веќе се „прагот да се развијат во личности на психопати и имаат проблеми со развојот на личноста“.
-Треба да се мисли на образованието. Се да се затвори, ама учениците не смеат да трпат, смета Даниловски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Тој е против маските на училиште, но потребни се услови за неопходен бедем за заштита на нивните родители и наставници со вакцинирање.
-Недозволиво е да има наставници со антиваксерски ставови или постари членови на семејство. Тие треба да ги штитат децата, а не обратно, појаснува епидемиологот Даниловски.